Магистрален Гасовод Делница "Неготино (Кавадарци)-Битола"

На проектот за Изградба на магистрален гасовод делница Неготино (Кавадарци) - Битола со должина од 92км каде како Инвеститор се јавува АД Македонски Енергетски Ресурси, РАПИД БИЛД ДОО е чле на група на понудувачи, каде како Лидер на група на понудувачи се јавува ГД ГРАНИТ АД. Согласно договорот со Инвеститорот, во период од 12.2016 до 12.2019 ги изведува следниве работи:

  • инженеринг и изработка на детален дизајн
  • набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на челични цевки
  • набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на опрема и материјали (ГМРС, топли колена, фитинзи, вентили, изолација)
  • виткање на челични цевки
  • монтажнно-заварувачки работи (распоредување на цевки, заварување со атестирани постапки за заварување, изолација, положување во ров, заварување на монтажни споеви)
  • радиографска контрола на заварени споеви
  • изведба на блок станици, приемна станица и Главни Мерно-Регулациони станици (монтажно-заварувачки работи, катодна заштита, електро работи, хидро тестирање) - вкупно 8 Блок станици, 1 приемна станица и 2 ГМРС (Битола, Прилеп и Фени)
  • премини под патишта и железнички пруги со отворен ископ и хоризонтално бушење
  • изведба на хидро тестови (тест на јачина и непропусност) на премини на главна линија, премини под реки, патишта, блок станици и железнички пруги)
  • монтажа на HDPE цевки и попатни шахти
  • обележување на траса на гасовод
  • изведба на привремена и перманентна катодна заштита на линиски дел, блок станици и ГМРС (изведба на cadweld заварување, набавка и монтажа на станици за катодна заштита, изработка и монтажа на мерни места за катодна заштита)
  • високонапонско електро напојување на станици за катодна заштита и ГМРС
  • чистење и калибрација на гасововна линија
  • сушење и продувување на гасовод
  • изведба на Проект на изведена состојба и Проект за употреба и одржување на гасовод
Информации за проектот
Локација Неготино, Битола
Инвеститор Македонски Енергетски Ресурси на Република Македонија
Улога Главен Изведувач
Година 2016-2019

Побарајте понуда за соработка