Магистрален Гасовод "Клечовце-Неготино", делница БС5 - Неготино, 36км (61-97км)

На проектот за Изградба на магистрален гасовод делница Блок станица 5 - Неготино со должина од 36км каде како Инвеститор се јавува АД Македонски Енергетски Ресурси, РАПИД БИЛД ДОО е главен изведувач (Лидер на група на понудувачи), каде согласно договорот во период од 06.2016 до 12.2017 ги изведува следниве работи:

  • инженеринг и изработка на детален дизајн
  • набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на челични цевки
  • набавка, растовар, складирање, утовар и транспорт на опрема и материјали (ГМРС, топли колена, фитинзи, вентили, изолација)
  • виткање на челични цевки
  • монтажнно-заварувачки работи (распоредување на цевки, заварување со атестирани постапки за заварување, изолација, положување во ров, заварување на монтажни споеви)
  • радиографска контрола на заварени споеви
  • комплетна изведба на блок станици и Главни Мерно-Регулациони станици (монтажно-заварувачки работи, градежни работи, катодна заштита, електро работи, хидро тестирање) - вкупно 4 Блок станици и 2 ГМРС (Штип и Неготино)
  • градежни работи (подготовка на работен појас, копање и подготовка на ров, затрупување на цевка во ров, заштита од свлечишта и ерозија, заштита на долови, ревитализација на земјиште и враќање во првобитна состојба)
  • специфични градежни работи (премин под река Вардар и река Луда Мара)
  • премини под патишта и железнички пруги со отворен ископ и хоризонтално бушење
  • изведба на хидро тестови (тест на јачина и непропусност) на премини на главна линија, премини под реки, патишта, блок станици и железнички пруги)
  • монтажа на HDPE цевки и попатни шахти
  • обележување на траса на гасовод
  • изведба на привремена и перманентна катодна заштита на линиски дел, блок станици и ГМРС (изведба на cadweld заварување, набавка и монтажа на станици за катодна заштита, изработка и монтажа на мерни места за катодна заштита)
  • високонапонско електро напојување на станици за катодна заштита и ГМРС
  • чистење и калибрација на гасововна линија
  • сушење и продувување на гасовод
  • изведба на Проект на изведена состојба и Проект за употреба и одржување на гасовод Специфично за овој проект е тоа што за прв пат Македонска компанија е носител на работите за изградба на Магистрален гасовод со висок притисок.
Информации за проектот
Локација Неготино
Инвеститор Македонски Енергетски Ресурси на Република Македонија
Улога Главен Изведувач
Година 2016-2017

Побарајте понуда за соработка