Магистрален Гасовод "Клечовце-Неготино", делница Клечовце - БС5, 61км (0-61км)

На проектот за Изградба на магистрален гасовод делница Клечовце – Блок станица 5 со должина од 61км каде како Инвеститор се јавува АД Македонски Енергетски Ресурси, РАПИД БИЛД ДОО беше вклучен како подизведувач на компаниите SGSM Oil & Gas Service и ЧАКАР ПАРТНЕРС ДОО, за кои во период од 02.2015 до 06.2016 ги изведуваше следниве работи:

  • растовар, складирање, утовар и транспорт на челични цевки - за вкупна должина од 61км
  • набавка на топли колена - за вкупна должина од 61км
  • виткање на челични цевки - за вкупна должина од 61км
  • монтажнно-заварувачки работи (распоредување на цевки, заварување со атестирани постапки за заварување, изолација, положување во ров, заварување на монтажни споеви) - за вкупна должина од 61км
  • комплетна изведба на блок станици и чистачка станица (монтажно-заварувачки работи, градежни работи, катодна заштита, електро работи, хидро тестирање) - вкупно 8 постројки
  • градежни работи (подготовка на работен појас, копање и подготовка на ров, затрупување на цевка во ров, заштита од свлечишта и ерозија, заштита на долови, ревитализација на земјиште и враќање во првобитна состојба) - за вкупна должина од 40км
  • специфични градежни работи (премин под река Брегалница и река Ракавица)
  • премини под асфалтирани патишта со откорен ископ – вкупно 9 позиции
  • изведба на хидро тестови (тест на јачина и непропусност) на премини под реки, патишта, блок станици и железнички пруги) - вкупно 15 теста
  • монтажа на HDPE цевки и попатни шахти - за вкупна должина од 61км
  • обележување на траса на гасовод - за вкупна должина од 61км
  • изведба на привремена и перманентна катодна заштита на линиски дел и блок станици (изведба на cadweld заварување, набавка и монтажа на станици за катодна заштита, изработка и монтажа на мерни места за катодна заштита) - за вкупна должина од 61км
  • продувување на гасовод - за вкупна должина од 61км Специфично за овој проект е првата набавка и употреба на машини за автоматско заварување (орбитални глави за заварување) на територијата на Република Македонија од страна на РАПИД БИЛД ДОО, што овозможи завршување монтажно-заварувачките работи на проектот во предвидениот рок. Исто така за прв пат РАПИД БИЛД ДОО примени квалитетна полиетиленска изолација за изолирање на заварените споеви, со што се овозможи поголема трајност и период на експлоатација на гасоводот.
Информации за проектот
Локација Клечовце
Инвеститор Македонски Енергетски Ресурси на Република Македонија
Главен инвеститор "СТГ" Русија
Улога Подизведувач на "СТГ" Русија
Година 2015-2016

Побарајте понуда за соработка