Гасоводна Инфраструктура

Користејќи ултра модерна опрема и материјали за градба Рапид Билд се наметна како лидер во изведбата на Магистрални Гасоводи во Република Македонија. Специфично за овие проекти е тоа што за прв пат македонска компанија е носител на работите за изградба на Магистрален гасовод со висок притисок.
Дополнително убаво е да се знае дека кај нас во Рапид билд е остварена првата набавка и употреба на машини за автоматско заварување (орбитални глави за заварување) на територијата на Република Македонија од страна што овозможи завршување монтажно-заварувачките работи на проектот во предвидениот рок.
Исто така за прв пат РАПИД БИЛД ДОО примени квалитетна полиетиленска изолација за изолирање на заварените споеви, со што се овозможи поголема трајност и период на експлоатација на гасоводот.

Околу услугата

Рапид Билд може да се пофали со изградба на неколку значајни проекти од овој тип:

  • Магистрален гасовод делница Клечовце – Блок станица 5
  • Магистрален гасовод делница БС5 - Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино
  • Магистрален гасовод делница Скопје - Тетово – Гостивар
  • Магистрален гасовод делница Неготино (Кавадарци) - Битола

Побарајте понуда за соработка