За Рапид Билд

РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн.

Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

Фази на изработка

Професионалниот менаџмент и квалификуваниот кадар на секој проект пристапуваат сеопфатно и со предизвик за исполнување на договрените рокови и услови, независно од големината и сложеноста на истиот.

Фазата на истражување е многу важна. Даваме сè од себе за да ги предвидиме сите можни проблеми со кои би се соочиле, кои би влијаеле на буџетот и предвиденото време на завршување на проектот. Штом овој дел од изработката е готов, добиваме решение кое:

  • е базирано на вашите конкретни потреби, осигурувајќи се дека плаќате и добивате онолку колку што е потребно за вашиот проект;
  • е ефективно од смисла на цената, но сепак остава простор за амортизација преку разлики во цената со цел да се обезбеди непрекинат процес на изградба;
  • е од исклучителен квалитет. Секогаш ги ангажираме најдобрите вработени да се вклучат во специфичните области.

Фазата на анализа влијае на тоа како проектот би се извел во најкраток можен период. Нашата цел е да ги избегнеме сите проблеми кои сме ги предвиделе со фазата на истражување. Благодарение на квалитетната фаза на анализа, добиваме:

  • проект кој би се реализирал навремено, со минимален ризик за пролонгирање на процесот на конструкција;
  • проект кој нема да трпи штета и дополнителна санација на проблеми кои би настанале од недоволно осмислени градежни зафати;
  • совршен квалитет на проектот за кој би биле искористени најсовремените методи за изработка и конструкција.

Фазата на дизајн е фазата во која се планира изгледот на проектот со цел да ги разбереме вашите конкретни потреби и желби, исполнувајќи ги целосно по најсовремени стандарди за долготраен квалитет. Со тоа постигнуваме проектот да:

  • изгледа онака како што сте го замислиле, најчесто и подобрен со нашите сугестии со цел максимално задоволување на потребите на клиентот;
  • е изграден од најсовремени и најквалитетни материјали со цел истиот изглед да се одржува најдолго што може да налагаат светските стандарди;
  • е квалитетно дизајниран и испланиран со цел да се поедноставни секој понатамошен додатен градежен зафат онаму каде што би можел да е потребен.

Фазата на конструкција е финалната фаза која ги реализира предходните три фази на осмислување во конечната физичка верзија на проектот. Со квалитетната конструкција на договорениот проект се добива:

  • градба изградена со најквалитетните материјали по највисоките стандарди за безбедност кои ги налагаат вашите потреби;
  • стандарди од врвно ниво, за чие остварување нашите работници често посетуваат саеми и семинари;
  • долготрајна градба без ризици од оштетување која ќе биде олицетворение на квалитетот кој го налага Рапид Билд.

Нашите услуги

Рапид Билд изведува станбени, деловни, индустриски објекти, атмосферски и фекални канализациони системи, придружни патни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби, ентериери и други завршни работи.

Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

Сертификати

Побарајте понуда за соработка